Тренд кој полека го освојува пазарот во Југоисточна Европа-заедничка перална во станбени згради

До вчера само на ТВ приемниците, а денес во нашето соседство. Заедничка перална за алишта во станбена зграда е сцена која ја паметиме од американските филмови и серии.

Тоа е перална која ја делат жителите на една или повеќе станбени згради. Зошто овој тренд сигурно навлегува на европскиот пазар? Затоа што е одлично решение во многу ситуации, а ова се само некои од нив.

Резиденцијални објекти

Заедничка перална за алишта е свршен избор за помали станбени единици, како што се гарсоњери или студија. Во овој случај машините за перење и сушење на алишта не завземаат станбен простор кој чини доста пари, па од таа причина заедничката перална е најдобар можен избор.

Студентски домови

Слично е и со студентските домови. Помали заеднички простории за перење и сушење се идеално решение за единици во кои едноставно додатен простор за опремата за перење и сушење.

Преуредени хотели

Хотелски објекти кои се преуредени во апартмани за работници или студенти ќе постапат на вистинскиот начин доколку изберат заедничка самопослужна перална на алишта. Едноставно, практично и исплатливо.

Деловни простори

Сопствениците на деловни простори во станбени згради исто така можат да изнајмат простор на други претприемачи или пак на сопственици на ланци перални за алишта. Со тоа ја префрлаат одговорноста и трошоците за одржување на опремата , а воедно со нив го делат профитот од работењето на пералната.

Доколку барате достапно и функционално решение во кое ниту машината за перење ниту машината за сушење не зафаќаат голем простор во становите и притоа е наменета за сите станари, заедничката пералница за самопослужување е токму она што ви треба. Професионалните машини за перење и сушење алишта на LG ќе се прилагодат совршено поради нивниот флексибилен дизајн. Поставувањето на машината за сушење над машината за перење во колона, поврзувањето со еднофазна електрична енергија, исклучително тивко работење што не ги вознемирува станарите, ги прави професионалните производи на LG совршено прилагодени за перални за самопослужување.

 

Друга голема предност на овие уреди е тоа што се лесни за употреба како машините за перење во домаќинството, но далеку ги надминуваат во однос на перформансите.

Не треба да се занемари ниту брзината: најдолгата програма е дури два до три пати побрза од домашната, што значи дека 10 килограми памучни алишта може да се исперат за само час и половина. Времето на сушење за истото количество алишта е само еден час. Ако на тоа се додаде дека професионалната машина за перење може да пере и до 8 часа секој ден (што е 60 килограми алишта дневно), профитабилноста и заштедата се секогаш на страната на професионалните уреди.

И последната, но не и најмалку важна ставка е хигиената.
Бидејќи уредите ќе ги користат поголем број луѓе, чистотата и дезинфекцијата се еден од императивите.

Затоа брзиот циклус на чистење на кадата пред употреба и додатоците како што е генератор на озон што го дезинфицира барабанот при секое перење, обезбедуваат целосна безбедност и супериорна хигиена на секој корисник.

Со Bright World, добивате заштеди, флексибилност и врвни професионални уреди на LG. Ако ви треба перална за повеќе куќи, контактирајте не – вие сте во искусни раце.