Пожарникарите го избираат LG за одржување на нивните униформи

Сегмент: Внатрешно перење на ткаенини

Тип на бизнис: Противпожарна служба

Година: 2022

За противпожарната бригада

Во зградата која личи на историска тврдина, можете да најдете мала, но моќна – Јавна противпожарна бригада. За оние кои се неинформирани, би можело да биде тешко да се каже дека има модерна, професионална противпожарна служба зад овие ѕидови. Подготвени да помогнат во гаснењето пожари, но и сообраќајни несреќи, земјотреси, спасување луѓе и животни и други интервенции, пожарникарите се познати по нивната голема храброст и посветеност на својот повик.

“Околу 40 пожарникари по смена значи многу перење! Нашите униформи не можеа да се перат правилно, па решивме - ни треба професионална машина за перење”

M.J.Вработено лице за помошни задачи

M.J.

Предизвик: Униформите бараат соодветно перење

За пожарникарите да бидат непречени и целосно посветени на своите задачи, одделот прави се за да обезбеди најдобри можни услови, а тоа вклучува врвна хигиена.

“Околу 40 пожарникари по смена значи многу перење! Тука ни е потребна професионална машина за перење. Претходно имавме обична машина за перење која се користѕи во домаќинствата и се покажа дека тоа е ужасна идеја. Овој тип на машини за перење ткаенини не е направен за нашите барања и постојано се случуваа дефекти. Нашите алишта, особено униформите, не можеа да се перат правилно, па конечно решивме – ни треба професионална машина за перење!”

Заштитната облека на пожарникарите обично е направена од неколку слоеви и различни видови водонепропустливи материјали за да може да издржи во сурови услови. За време на работните дејствија најчесто се валка многу, па соодветното перење е многу важно за неговата долговечност и квалитетно одржување. М.Ј. исто така вели:

“Покрај униформите, има и многу други алишта. Нашите пожарникари се секогаш подготвени за акција. Бидејќи тие работат во смени, им обезбедуваме кревети од кои се симнуваат кога ќе се јават на должност и влегуваат во противпожарната машина. Значи, зборуваме и за постелнина, ќебиња, крпи, покривки за садови,…”

Решение: Добитна комбинација на опрема за барањата на пожарникарите

За среќа, се се одвиваше според планот. „Сите се согласивме дека професионалната машина за перење треба да биде во нашиот финансиски план за оваа година. Кабинетот на градоначалникот препозна колку е важно нашата бригада секогаш да има чисти алишта на дофат и се обврза“, вели М.Ј.

Во согласност со нивните потреби, тие се одлучија за пакет кој ги исполнува барањата на пожарникарите.

Доставени производи:

Испорачани услуги:

  • Инсталација
  • Едукација за употреба

Генераторот на озон BWO3 се покажа како одлично решение за пожарникарите, бидејќи водата збогатена со озон ги елиминира непријатните мириси, вклучувајќи ги и најотпорните, како мирисот на чад. Исто така, ефикасно ги дезинфицира алиштата, елиминирајќи ги вирусите и бактериите подобро од хлорот. Генераторот на озон веќе стекна обожаватели меѓу противпожарните заедници и оваа противпожарна служба е меѓу нејзините најголеми обожаватели.

BW ozone generator at fire department’s in-house laundry

Резултати: Миење три униформи за само еден час

M.J., исто така, ја пофалува професионалната машина за перење LG и нејзините брзи програми, кои обезбедуваат нежно, но ефикасно перење на нивната заштитна облека.

“Повеќе од задоволни сме од машината за перење LG Giant! Ги исполни сите наши очекувања и барања. На овој начин можеме да измиеме три униформи за само еден час!”

M.J.Вработено лице за помошни задачи

M.J.

„Повеќе од задоволни сме од машината за перење LG Giant! Ги исполни сите наши очекувања и барања. На овој начин можеме да измиеме три униформи за само еден час! Нашата куќна помошничка постојано кажува колку ѝ се допаѓа начинот на кој функционира и колку е лесен за користење“, вели тој.

Исто така, најсилната центрифуга во категоријата им донесе уште една предност – заштеда на време.

„Нашата куќна помошничка вели дека со старата, домашна машина за перење, алиштата сè уште ќе се натопени со вода кога ќе заврши циклусот на перење. Со LG Giant веќе се полусуви кога се извадат“, вели М.Ј. и заклучува:

“Мојата порака до противпожарната заедница е дека нема да згрешат со изборот на LG Giant машината за перење и BW озон генератор, но и Bright World за свој партнер!”

Зад нас имаме бројни успешни проекти за опремување на внатрешни перални. Обезбедете само најдобри хигиенски услови за вашите пожарникари и контактирајте со нас уште денес!