Тренд кој полека го освојува пазарот во Југоисточна Европа-заедничка перална во станбени згради

“ExpoDetergo” е еден од најголемите светски саеми посветен на професионални машини за перење алишта, машини за пеглање и хемиско чистење. Изложуваат преку 250 најголеми светски производители и дистрибутери на ваков вид на опрема и тука може најдобро да се види што оваа индустрија може да понуди во идните 4 години.Оваа година саемот е одржан од 21.10. до 24.10.2022 година во престолнината на модата Милано и треба да напоменеме дека за прв пат земавме учество како изложувачи.Изложување рамо до рамо со еден од најголемите
производители –LG Electronics- беше доказ дека како стратешки партнер на оваа глобална корпорација станавме дел од елитата во дејноста поврзана со пералните за алишта.
Тоа е резултат на долгогодишните ангажмани и вложувања во знаење, но и квалитетни односи со нашите партнери. Затоа ни е драго што нашите партнери од сите делови на Европа како Германија, Полска,Романија,Грција и многу други ја прифатија поканата, не посетија и ни дадоа подршка за нашите активности.
Саемот покажа дека геслото “Направете повеќе со помалку ресурси” стана главен фокус во оваа индустрија. Ова посебно се однесува на одржување максимална ефикасност, хигиена и продуктивност со најмала можна потрошувачка на енергија,вода и детергенти. Покрај ефикасност многу производители ги истакнаа вложувањата во одржлива и зелена технологија како и во процесот на дигитализација. Тоа се сите оние сегменти во кои LG во светски рамки предничи долги години.
Дел од атмосферата можете да видите на Сликите. Благодариме на сите кои не посетија!