18-ти HoReCa саем во Белград

Популарниот ХОРЕКА саем во Белград, Србија повторно ги собра сите од сегментот кој ги обединува хотелите, рестораните и кафулињата. Саемот ХОРЕКА ги отвори вратите за хотелиерите, угостителите и сопствениците на викендички и им нуди можност да се сретнат со најдобрите добавувачи во туристичкиот сектор.

За време на четиридневното претставување, саемот стана место каде може да најдете се што може да ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот туристички објект, опремување или реновирање на хотелска соба, ресторан или кујна, внатрешен дизајн на стан итн. Имаше се што можете замислете – од ситен инвентар, декор и други ситници до мебел, опрема и технолошки решенија. Ова секако ја вклучува и опремата за перење.

Нашите партнери од Србија учествуваа како излагачи, па затоа ги посетивме за да ги поддржиме во овогодинешната презентација. Тие успешно го претставија новиот комплет LG Professional Titan за машини за перење и сушење, кои може да се наредени во блок. Бројни нови, но и постоечки клиенти ја искористија оваа прилика да ја видат новата опрема и да разговараат за идната соработка.

 

Ова беше одлична можност да се сретнеме и со нашите драги деловни партнери од Црна Гора и Косово. Имавме пријатен разговор и разменивме искуства од различни пазари. На овој начин добивме интересни сознанија за новите регионални трендови и развивме нови перспективи кои ќе ни помогнат во нашите идни деловни активности.

Овој голем собир го завршивме со кратка обиколка на историскиот Белград и една од највпечатливите нови урбани области во цела Европа – Белград на вода.

Се враќаме со нови сознанија и убави спомени и со нетрпение го очекуваме следното дружење!