Со LG Commercial, ранчот лесно се справува со секој товар на перење

Сегмент: Внатрешно перење
Тип на бизнис: Ранч со ресторан и камп
Година: 2022

 

За ранчот Рамарин

Ранчот Рамарин е хит дестинација и вистински оаза  на руралниот туризам, која што докажува дека туризмот не е поврзан само со морето и сончевите плажи.

Убави пејзажи, одлична храна и вино, и низа активности, од јавање коњи, велосипедизам и риболов до туристички летови над регионот Славонија – ова е само дел од богатата понуда, а тие најдобро се опишуваат себеси како “место за активен одмор во рајот на мирот”.

Предизвици: Зголемени услови и барања

Ранчот е основан во 2013 година и го доби своето име по имињата на трите деца на сопственикот: Реа, Ања и Марин. Секое од нив е одговорно за специфичен дел од ранчот, а ние разговаравме со г-ѓа Реа Самарџиќ за тоа како сè започна и како одлучија да контактираат со нашиот тим.

“Нашата приказна започна со коњи, но брзо прерасна во нешто многу поголемо. Ги слушавме желбите на нашите гости и, година по година, воведувавме нови задоволства на нашиот ранч,” открива таа.

Денес, ранчот располага со луксузно опремени бунгалови, паркинг за кампување, хостел, ресторан со танцова подлога, винарија и таверна.
Затоа, стана популарна дестинација за разни прослави и настани, како што се свадби, родендени, банкети и тимски активности.
Г-ѓа Реа споделува како се справуваа со овие предизвици:

“Некогаш користевме надворешни компании за перење, но со зголемувањето на бројот на објекти, тоа веќе не функционираше. Работните часови и распоредот за испорака на комерцијално перење во блискиот град создадоа тешкотии за нашите организациски напори, бидејќи се стремиме да обезбедиме исклучителна услуга. Чистото перење мора да биде достапно во секое време!”

Реа Смарџиќменаџер на ранчот Рамарин, Хрватска

Реа Смарџиќ

Решение: LG Комерцијалните уреди лесно се справуваат со товарите за перење

За да се справи со овој предизвик, г-ѓа Реа се јави во нашиот тим. Таа објасни дека имаат голем број на објекти, кои зависат од брзо и квалитетно перење, и врз основа на тоа, ние препорачавме следната комбинација на уреди и опрема:

Испорачани производи:

Испорачани услуги:

  • Инсталација
  • Обука за користење

Тие го пренамениле просторот во ранчот за потребите на перење, а домаќинката ја презема одговорноста за перење, сушење и пеглање. Иако немаше искуство во работа во перална, адаптацијата беше брза со уредите на LG.
„Сè е толку едноставно и нема никакви потешкотии,“ вели госпоѓа Реа.

Резултати: Без стрес за перењето на алиштата

Тие исто така се воодушевени од додатоците за перење:

“BW професионалната пегла обезбедува неверојатни резултати со многу мал напор! Предноста е што можете да седите додека пеглате.”

Реа Смарџиќменаџер на ранчот Рамарин, Хрватска

Реа Смарџиќ

“Покрај тоа, кога ќе ги поминете чаршавите низ него, тие се складираат на постолјето под самата пегла, така што нема потреба постојано да се движите напред-назад. Во овој вид динамична работа, тоа е голема предност,” вели таа и додава:

“Професионалната даска за пеглање BW е откритие за нас! Благодарение на вакуумот, алиштата не се лизгаат, а пареата овозможува совршени резултати при пеглањето. Исто така, бидејќи често ги переме кошулите на вработените, ни се допаѓа загреаната даска за ракави што доаѓа со неа. Благодарение на неа, пеглањето на ракавите, што обично може да биде комплицирано, е многу полесно и по практично.”

Реа Смарџиќменаџер на ранчот Рамарин, Хрватска

Реа Смарџиќ

“Одлуката да ја опремиме нашата перална ни донесе големо олеснување. Веќе не мораме да зависиме од надворешни услуги и сега имаме контрола над квалитетот и достапноста на чистата постелнина. Исто така, не ни е потребна толку многу постелнина како порано,” заклучува г-ѓа Реа.

Обезбедете најдобра услуга за вашите гости и олеснете ја вашата работа со LG Commercial. Контактирајте не денес!