Професионална машина за перење алишта

LG Giant C Max

2 години гаранцијаГарантиран сервис и резервни делови

Капацитет: 10 кг (максимум 13 кг)
Зафатнина на барабанот: 103 литри
Брза програма за перење: 60°C циклус за 60 минути
Едноставно внесување на алиштата: голема врата, 54 см
Програмирање: до 20 програми кои можат потполно да се прилагодат според потребите

Комплетна листа на технички спецификации

Погледајте на дело

Предности

Накосен и релјефен барабан

Во LG професионалните машини за перење барабаните се накосени за 10° што овозможува машината за перење да има повисоко ниво на вода,но со помала потрошувачка на вода.Поголемиот допир на водата со ткаенината создава подобри перформанси за перење благодарејќи на релјефната внатрешност на барабанот.

Систем за атомизирање

Млазницата во внатрешноста на барабанот прска вода дирекно на ткаенината и на тој начин брзо го натопува. Со тоа се забрзува процесот на перење и на тој начин се заштедува вода која се троши во процесот на перење.

Издржливост

LG Direct drive мотор

Моторот е ппоставен дирекно на барабанот со што се зголемува стабилноста, се намалуваат вибрациите и буката, а со тоа се зголемува издржливоста на машината.

Систем за балансирање

Брза детекција на нерамнотежа преку 3D сензори, подобро ги апсорбира вибрациите и ја намалува нерамнотежата преку 4 амортизери, што го оптимизира траењето на циклусот, ги смалува буката и вибрациите.

Заштеди

Проценка на тежина на ткаенината

Машината за перење ја прилагодува количината на вода и енергија спрема количината на ткаенината со цел значајно да се заштеди енергија и детергенти во случај машината за перење да не е полна.

Систем на самозагревање

Машините за перење ткаенини можат да се приклучат и на топла и на ладна вода при што системот за греење ја детектира температурата на водата и автоматски се прилагодува времето за загревање. На тој начин се заштедува време и енергија до 75% затоа што со користење на топла вода грејачот работи пократко за да се постигне саканата температура.

Хигиена

Брзо чистење

Корисникот може да користи брз троминутен циклус на чистење на барабанот машината за перење како би се обезбедила потполна дезинфекција и чистење пред почеток со работа.

Хигиенски програми

Уништуваат 99,9% од бактериите користејќи посебни програми од 90°C и 75°C.

Автоматско чистење на барабанот со сила на брановите “Waveforce”

Автоматско чистење на барабанот од остатокот на пена при првото плакнење. На тој начин се елиминираат можните наслаги на тешко достапните места во внатрешноста на машината. Оваа акција ја носи водата до сите тешко достапни места.

Програма за самочистење

Интензивно чистење на внатрешниот резервоар (кадичка) по завршување на работниот ден во голема мера помага машината да остане чиста , дури и на многу фрекфентни локации.

Паметно решение

Управувачка конзола за салони за перење

Далечинска контрола заради рационализација на работењето и откривање на грешките. Следете ги перформансите и приспособете ги поставките на целата флота, поединечни локации или дури и на поединечна машина. (Можеби не е достапно во одредени земји).

Апликација за корисниците на салони за перење

Корисникот може да ја провери достапноста на уредот директно преку паметен телефон и да подеси аларм кој ќе го извести пред завршување на циклусот. (Можеби не е достапно во одредени земји).

Флексибилност

Прилагодлива инсталација

Можност за поставување на машина за сушење над машина за перење, да се постави во блокови со облик на столб, заради заштеда и прилагодување на просторот. За еден сет доволно е површина од 1 м2.

Технички карактеристики

LG Giant C Max

Капацитет (кг) 10,2 кг
Максимален капацитет на барабанот (кг) 13 кг
Зафатнина на барабанот (литри) 103 литри
Напон 220V/ 50 Hz
Вртежи во минута (голема брзина) 1200 вртежи во минута
Г-сила 451
Одводен систем Пумпа за одвод
Нето тежина 87 кг
Димензија на производот (ВхШхД) 686 x 767 x 983 мм
Сила на греење 3,6 kV

Користење

Идеално за објекти на кои им е потребно редовно перење на големи количини ткаенини

 

 

Интерна перална

Хотели

Пензионерски домови

Градинки

Здравствени институции

Спортски клубови

Противпожарни служби

Компании за управување со објекти

Професионални перални

Самопослужни перални

Самопослужни перални

Станбени згради

Студентски домови

Кампови

Марини (пристаништа)

Сместување на работници

Мобилни перални

Самопослужни перални во хотели

Успешни приказни

“Посебно сме воодушевени со LG Giant машината за перење ткаенини! Сосема едноставна за употреба, а можеме да испереме многу ткаенини наеднаш. И особено е тивка додека работи! Едноставно повеќе од задоволни сме!”

Госпоѓа Наташа  Сопственик на “SIXL”-изнајмување на луксузни вили и апартмани

Додатна опрема за перални

Генератор на озон

Дезинфицирајте ги ткаенините и машините за перењесо секој циклус. Одлично за самопослужни перални каде немате можност да ја контролирате хигиената на секој корисник

Дозатори на детергенти

Контролирајте ја количината на детергенти при секој циклус. Нема загуби ниту можност за премало или преголемо дозирање на детергентите.