Нова кариера со бизнис за перење алишта и LG Commercial

Сегмент: Комерцијална перална

Тип на бизнис: Комерцијална перална

Година: 2022

За перална Колтрина

Популарните туристички дестинации и капацитетите за перење одат рака под рака. Токму тоа го имаше на ум г-ѓа Валентина кога со помош на нашиот тим го започнуваше денес успешниот бизнис професионално и комерцијално перење на ткаенини. Но, како сето тоа започна?

„Работев во текстилната индустрија, но не бев среќна. Сакав да бидам свој шеф. Со оглед на фактот дека живеам во туристичка дестинација, знаев дека ова е насоката по која сакам да одам. Но, сакав помирна работа, каде што нема да морам постојано да комуницирам со луѓето. Јас и мојот сопруг размислувавме за повеќе идеи и едноставно се запрашавме – зошто да не пробаме со комерцијална перална?“ се присетува г-ѓа Валентина.

Предизвици: моментален „клик“

„Но, ние не знаевме некој што ќе нè поучи за оваа работа. Значи, мојот главен сојузник овде беше – интернетот! Бев во контакт со друга компанија, накратко им кажав што сакам, но се што добив беа оскудни информации, само врз основа на цените. Во исто време ве контактирав и едноставно ’кликнавме’. Вашата веб-страница беше многу информативна за мене и можев да најдам многу одговори на моите прашања. За мене, LG Commercial беше – сè на едно место. Човечкиот пристап беше клучен за мојата одлука. Како некој кој никогаш не бил во контакт со опремата за перење алишта, бев среќна што можев да контактирам со вашиот тим за секое прашање што го имав, дури и ако мислев дека е тотално банално“, вели г-ѓа Валентина.

По нашиот прв контакт, сè почна да се движи прилично брзо. „Наскоро договоривме средба за лично да се запознаеме и да ги разработиме сите детали и можности“.

Предизвикот со кој се соочи г-ѓа Валентина во оваа фаза беше да најде соодветен, финансиски достапен простор за нејзината перална. Таа веќе склучи договор за еден простор и планираше да испрати на нашиот тим план за просторот и инсталација, но сопственикот одеднаш се повлече од договорот. Но, таа не дозволи ова да ја обесхрабри. Се сети дека има простор во зградата на соседот во кој претходно имало перална и се распрашала за телефонскиот број на сопственикот. Набргу се состанаа и направија договор. „Знаете што велат – кога една врата се затвора, се отвора прозорец. На крајот се отиде во најдобра можна насока“, вели таа.

“Вашата веб-страница беше многу информативна за мене и можев да најдам многу одговори на моите прашања. За мене, LG Commercial беше - сè на едно место.”

Госпоѓа ВалентинаСопственичка на сервисната перална колтрина

Решение: Победничка комбинација на опрема

Бидејќи нејзиниот примарен извор на финансирање беше нејзиниот сопствен капитал, г-ѓа Валентина на почетокот беше ограничена со буџетот. Така, според нашите совети, таа избра пакет производи и услуги.

Доставени производи:

Испорачани услуги:

  • Инсталација
  • Едукација за употреба
  • Консалтинг за буџетирање и финансирање

LG commercial equipment in Koltrina laundry (Croatia)

Производите беа на залиха во магацин и оттука натаму сè се одвиваше без проблеми. Вашиот техничар ме посети и ми даде препораки, кои ги сфатив многу сериозно. Затоа, кога пристигнаа производите, се беше направено за само 3 дена и бевме подготвени да започнеме. Со почетокот на мај ја отворивме пералната за клиенти“, се сеќава таа.

„Кога влезе првиот клиент и праша дали можеме да измиеме алишта за нивниот туристички апартман – тоа беше прилично едноставно за нас. Во текот на првиот месец, перевме ќебиња овде-онде, но како што одминуваше времето, луѓето почнаа да се распрашуваат за нас. Некаде околу средината на јуни работите почнаа да се вжештуваат. Направив промоцијата преку флаери и визит-картички. Направив и обиколка на помали хотели, вили и ресторани. Добивме некои клиенти овде и ги задржавме благодарение на нашиот квалитет на услугата. Секогаш избирам квалитет пред квантитет и, благодарение на маркетингот од уста на уста, нашиот круг на лојални клиенти од ден на ден стануваше се поголем“.

Со озон до совршен мирис и мекост

А кога станува збор за генераторот на озон BW, г-ѓа Валентина е едноставно воодушевена. „Веднаш на почетокот забележав огромна разлика во миењето на синтетичките работни кошули на мојот сопруг. Претходно имав многу проблеми да се ослободам од непријатниот мирис, но откако започнав да го користам озонот, тој непријатен мирис целосно исчезна!

“Секогаш сакам да нагласам дека го користиме озонот. Клиентите веќе знаеја како функционира генерално, но сакав уште повеќе да ги едуцирам преку нашите промотивни материјали. Нивните реакции беа многу позитивни.”

Мирисот и мекоста никогаш не биле подобри. И тоа го забележаа гостите во сместувањето на нашиот клиент. Кога клиентот ќе влезе и ќе ми каже дека добива позитивни критики на booking.com, велејќи дека алиштата се совршено чисти, бели и меки, тоа е најдобриот комплимент! „Сите во овој бизнис имаат проблеми со дамките од сончање, но ние ја најдовме совршената формула за да се ослободиме од нив“, вели таа со гордост.

Важноста на постпродажната поддршка

Г-ѓа Валентина истакнува колку е важна за неа постпродажната услуга. „Кога сте во средината на сезоната, нема време да чекате да го решите проблемот и тука достапноста на услугата станува клучна. Секогаш кога имав прашање или ситуација, секогаш кога ќе притиснав погрешно копче – се јавував на вашиот тим и прашав „Што сега?“ Немав искуство со опрема за перење и затоа оваа поддршка ми значеше многу. На пример, имав ситуација со машината за пеглање – алиштата се лепеа на неа. Вашиот техничар дојде и го решивме проблемот истиот истиот ден“.

Исто така, г-ѓа Валентина од ден на ден стануваше се повешта во ракувањето со опремата. Едноставноста на нивната употреба придонесе многу за тоа. „На почетокот ми се чинеше дека пеглата е пребрза. Сега, кога го фатив темпото, не ја ни забележувам брзината“, се смее таа.

“Можете да ја купите опремата насекаде – но, што после тоа? Затоа секогаш велам – ако некој дојде кај мене и ми понуди, не знам што – ќе му се заблагодарам и ќе кажам дека веќе го имам мојот тим од соништата со чија помош растеме и одиме силно!”

Commercial flatwork ironer in Koltrina (Croatia)

Резултати: Броевите не лажат

Уште една работа што потврдува колку одлично раководи г-ѓа Валентина со нејзиниот деловен потфат – бројките.

„Луѓето ни кажуваа дека првата година значи минус, втората значи нула и на крајот третата некаков профит. Но, немаме минус! Може да се каже дека опремата се исплатеше во првата година. Плус, оваа сезона очекуваме уште поголем интензитет!”

Како заклучок на оваа успешна приказна, г-ѓа Валентина истакнува: „Мој совет до почетниците во овој бизнис дефинитивно би бил да ангажираат тим од експерти, кои ќе им помогнат во процесот од идеја до реализација, но и подоцна, преку поддршка по продажбата. За мене најважни се добрата комуникација и довербата. И токму на тоа му го припишувам успехот на мојот бизнис“.

“Луѓето ни кажуваа дека првата година значи минус, втората значи нула и на крајот третата некаков профит. Но, немаме минус! Може да се каже дека опремата се исплатеше во првата година. Плус, оваа сезона очекуваме уште поголем интензитет!”

Госпоѓа ВалентинаСопственичка на сервисната перална колтрина

Г-ѓа Валентина успешно го оствари својот сон со LG Commercial. Сега е твој ред! Ние сме тука да ви помогнеме да го пронајдете најдоброто решение за вашиот бизнис затоа – контактирајте со нас!