Професионална машина за перење ткаенини “LG Giant C Max”

Голем капацитет, мали димензии. Решава многу ситуации, секојдневни оптоварувања и многу повеќе.
LG Smart Laundry Lounge е работа која е најлесно да се започне. Со нашиот добро познат концепт на врвен дизајн Вашата перална ќе биде подготвена веднаш за работа. Од боја на ѕидови, па се до најдобрите машини за перење и сушење, како и фантастични маркетинг решенија.
LG премиум перална за ткаенини е едноставна и исплатлива инвестиција чие отворање и работа бараат ниски почетни вложувања и минимална потреба од работна сила. Исто така и фиксните трошоци се ограничени. Од друга страна ваквите услуги се секогаш потребни со што се остварува брз поврат на вложувањата.
Флексибилен деловен модел кој е сличен на франшизниот модел. Како и при франшиза ќе добиете познат идентитет на бренд заедно со практични решенија докажани и тестирани во секојдневно работење со што се намалува деловниот ризик за неуспех на проектот.
Предноста на овој модел е што не се плаќаат стартни трошоци како при франшиза ниту пак се наплаќа авторска надокнада, со што се забрзува процесот за поврат на инвестицијата.Исто така како сопственик имате поголема контрола над одлуките кои не се поврзани со трговската марка, правилата и ограничувањата во врска со користење на брендот
Ќе ги добиете речиси сите предности на франшиза, но без нејзините недостатоци односно финансиски издатоци.
“LG професионалните уреди ги препорачувам на сите поради нивниот врвен квалитет и работата која ја извршуваат совршено.”
Голем капацитет, мали димензии. Решава многу ситуации, секојдневни оптоварувања и многу повеќе.
Со најголем капацитет во својата класа и со брзите програми можете да исперете до 50% повеќе ткаенини во споредба со професионалната “Giant C“ машина за перење
Со оваа машина во еден потег исушете ја целокупната свежо испрана количина на ткаенини во “Giant C“ професионалната машина за перење на ткаенини
Универзална машина за сушење која може да поднесе исклучително големи и гломазни парчиња ткаенини.
Дезинфицирајте ги ткаенините и машините за перењесо секој циклус. Одлично за самопослужни перални каде немате можност да ја контролирате хигиената на секој корисник
Контролирајте ја количината на детергенти при секој циклус. Нема загуби ниту можност за премало или преголемо дозирање на детергентите.
Наплата за користење на машините без вработени лица.
Визуелниот идентитет на LG Smart Laundry Lounge е строго дефиниран. Логото, името, боите и дизајнот на продавницата се заштитени од давателот. Како дел од лиценцата е обезбедена и книгата на стандарди на LG.
Ќе добиете подготвени за печатење датотеки (постери, упатства за употреба и други материјали) што се бараат во книгата на стандарди на LG.
Ве интересира како ќе изгледа Вашата перална? Откако ќе испратите фотографии и мерења на просторот, нашиот стручен тим ќе дизајнира за вас совршена инсталација за да го извлечете максимумот од вашиот простор во однос на практичноста и перформансите. Ќе добиете 3D приказ на вашата перална прилагодена за вашиот простор со сите клучни внатрешни елементи.
Широка ќе ви помогне во секој чекор во процесот на отворање на сопствената перална. Нашиот тим од експерти ќе ве води при изборот на оптимална локација, изборот на најдобрата опрема за вашиот простор и ќе ви пружи помош при инсталирање и одржување на машините. Ние разбираме дека отворањето нов бизнис може да биде застрашувачко, но со нашиот докажан деловен модел и најдобри практики, ќе ви ги обезбедиме сите потребни алатки за да го обезбедиме вашиот успех. Со нашата поддршка, можете да бидете сигурни дека вашиот Smart Laundry Lounge ќе биде отворен и ќе работи за кратко време.